Во експлозија во Москва загина рускиот генерал Игор Кирилов
Наместо со автомобил бомба, во експлозија со електричен тротинет во Москва е ликвидиран Игор Кирилов, високопозиционираниот Генерал-потполковник, началник на радиолошката и биохемиска служба на Руската армија. Украинската служба за државна безбедност ја презеде одговорноста за убиството на Кирилов. Ова не е прв ваков атентат на украинските разузнавачи во Русија, претходно беше ликвидирана ќерката на националниот идеолог Дугин, рускиот блогер Татарски, командантот на руската подморница „ржитски“. Кремљ најави одмазда за убиството на Кирилов.

Електричниот тротинет беше погубен за генерал Кирилов и неговиот помошник додека излегувале од станбената зграда на Рјазанскиот булевар. Јачината на експлозијата ги искршила сите прозорци до четвртиот кат и уништила неколку автомобили на паркингот.
„Експлозијата беше толку силна, што ми беше страв и додека гледав во неа. Амбулантните и другите возила пристигнаа навистина брзо. Беше многу бучно“, изјави Јулија, очевидец.
Официјална Москва ја потврди ликвидацијата, бомбата била активирана далечински. Според истражителите, класичен терористички чин.
„Се истражува криминалниот акт за смртта на двајцата службеници. Дадени се инструкции, се утврдуваат околностите и кругот на вклучените лица“, Светлана Петренко, портпарол на Истражниот комитет.
Кирилов веќе имал кривична пријава во Велика Британија за користење биолошко оружје, но тој беше и портпарол на комисијата која ги обвини американските служби за создавање биолаборатории во Украина. Во екот на руските бомбардирања на украинските енергетски постројки, Дмитри Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност, најави одмазда за раководството во Киев. Обвинет и е Западот.
„Киев е терористичка држава, користи методи за вонсудски егзекуции. И меѓународната заедница го следи овој начин. Од неодамна, употребата на хемиското оружје од Украина беше дискутирано на меѓународно ниво. Ова предизвика потрес кај западните спонзори кои ги обезбедија овие оружја и ја премолчеа употребата“, Светлана Петренко, портпарол на истражниот комитет“, изјави Родион Мирошник, висок дипломат во Министерството за надворешни работи на Русија.
За Трамп војната во Украина е посложена од онаа на Блискиот Исток. Против мирот се користењето ракети од среден дострел, но и учеството на севернокорејските војници во областа Курск.
„Зеленски мора да се договори. Мора да има договор, премногу луѓе се убиени. И Путин мора да се договори“, изјави Доналд Трамп.
Убиството на рускиот Генерал-потполковник е извршено во време на напредувањето на руската офанзива на стратешките правци Кураков – Покровск во областа Доњецк.
Зоран Богатинов
