И покрај намалениот обем на работа, нема да има отпуштања
Нема да има отпуштања од работа во германските компании, уверува претседателката на Германската стопанска комора. Неопходна е диверзификација, порачуваат од Стопанската комора на Македонија. Земјите од Западен Балкан со развоен план за 2025-та, за ублажување на последиците од германската рецесија…

И покрај намалениот обем на работа и извоз поради рецесијата во Германија, нема да има отпуштања од работа, уверува претседателката на Германската стопанска комора во земјава. Овој период кога се намалени нарачките ќе го искористат за обуки на вработени и инвестирање во современи технологии, стабилизирање на производството.
Да се прекине со непродуктивни трошења, да се зголемат продуктивноста и извозот и диверзификација, проширување на нови пазари-порачуваат од бизнис заедницата. Не е недостижен растот кој го проектира Владата од над три отсто, ако се земат предвид инвестициите во инфраструктурата, поддршката за локалните самоуправи и инвестициската активност-велат тие.
Земјите од Западен Балкан имаат развоен план за 2025-та за приближување кон европските пазари, но и отстранување на административните бариери за меѓусебна соработка.
Економијата е во неизвесност, бидејќи зависи од меѓународни фактори како политиките на новата администрација на Трамп и изборите во Германија беше еден од заклучоците на Коморскиот инвестицикси форум.
Александра Велинова
