Метео

Нов влажен бран од петок

17.12.2024 14:34

Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, ќе започне од петок попладне, кога врнежите во најголемиот дел од земјава ќе бидат од дожд.

Продолжува периодот на сончево и претежно тивко време со студени утра и со повисока максимална температура којашто ќе достигне највисока вредност до 16 степени.

Топлиот воздух ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По одделни котлини ќе има и појава на магла.

Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, ќе започне од петок попладне, кога врнежите во најголемиот дел од земјава ќе бидат од дожд.

Постудено време и пад на температурата се очекува во деновите од викендот.