Конференција

Широките надлежности на општините ги прават ранливи на корупција

17.12.2024 16:20

Заштита од корупција, перспективи и решенија на локално ниво. На оваа тема Центарот за граѓански комуникации одржа конференција во Скопје...

Широките надлежности што ги имаат општините со нивните ограничени кадровски и финансиски капацитети ги прави многу ранливи на корупција, покажала тригодишната анализа на невладиниот центар за граѓански комуникации.

Најмногу претставки за корупција во општините до Антикорупциската комисија биле во областа на урбанизмот, градежните дозволи и измени на ДУП во корист на одредени инвеститори, соопштија антикорупционерите.

Корупцијата ги запира развојот, економскиот раст и стабилноста на државата.

 

Ирина Гелевска