Потпишан Меморандум за соработка против злоупотреба на урбаното зеленило
Активисти и граѓански здруженија потпишаа Меморандум за соработка, против злоупотреба на урбаното зеленило. Велат, постои сомнеж дека зад сите злоупотреби на урбанистичкото планирање стои некој заинтересиран инвеститор...

Во Скопје никнуваат повеќе згради од дрвја. А и она малку зеленило полека го јаде градежната мафија. Активисти и граѓански здруженија потпишаа Меморандум за соработка, против злоупотреба на урбаното зеленило. Велат, постои сомнеж дека зад сите злоупотреби на урбанистичкото планирање стои некој заинтересиран инвеститор. Според нив, неопходен е нов и многу подобар Закон за зеленило, кое масовно се уништува поради неодржлива и нехумана градба.
Има голема разлика во одобренијата за градба во минатото и сега, рече градоначалникот на Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски. Вели, ова е колективен проблем којшто треба сите да го решаваме.
Според екологисти, не е доволен Градскиот парк, паркот Гази Баба, Водно. За тоа говори фактот што имаме драстични временски непогоди и топли бранови проследени со силни врнежи и невреме кои носат пустош.
Зеленило не можат да го заменат саксиите со цвеќе, малите дрвореди крај зградите или зелените кровови, кои во Скопје многу тешко се одржуваат.
Александра Спировска
