Денот на регионалниот развој

Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој

17.12.2024 17:40

На одбележувањето на „Денот на регионалниот развој“, уште еднаш беше посочено дека пелагонискиот плански регион го следи еден исклучителен парадокс. Иако е вториот наш плански регион кој придонесува во вкупното БДП, според рамномерниот развој е на петтото место. На средбата беше промовирани и можностите и предизвиците за „паметен, зелен и инклузивен Пелагониски регион“...

Иако во изминатите три години имплементирани се над 40 проекти од витално значење за граѓаните, сè уште видлив е парадоксот во однос на тоа што го дава и можностите што ги има пелагонискиот плански регион.

Еден од клучните фактори што се каска зад скопскиот регион, се смета дека е застарената патна инфраструктура што им смета и на потенцијалните млади инвеститори, и е дамнешна иницијатива.

Не помалку тиштат и предизвиците со климатските промени кои влијаат врз земјоделието и водостопанството, кое негативно се одразува на Преспанското езеро. Високонаучната мисла посочува дека треба да овозможиме систем кој нема енергетски да загадува, како и тоа, како треба да се постапува со отпадот.

Еден од параметрите што загрижува во овој плански регион, е што во последно време бројот на новородени е помал во односот на починати лица.

 

Стевче Митревски