Реакции по кривичните пријави против поранешни владини функционери
Евроамбасадорот Михалис Рохас резервиран во коментирање на кривичните пријави против поранешни функционери во Владата. Вицепремиерот Меџити кусо коментира: „Никој не е пред законот“. ДУИ по претресите за случајот „Лотарија“ излезе со став дека ВМРО-ДПМНЕ ги инструментализира институциите...

Евроамбасадорот Михалис Рохас резервиран во коментирање на кривичните пријави против поранешни функционери во Владата. Посочува дека треба органите да си ја завршат работата. Но, и дека правдата треба да излезе на виделина.
„Во оваа фаза немаме коментар. Мислам дека треба да дозволиме на судството и Јавното обвинителство да продолжат со истрагата и треба да оставиме правдата да зборува сама за себе“, изјави евроамбасадорот Рохас.
Некогашниот сопартиец на Груби, а сега прв вицепремиер во владата, Изет Меџити кусо коментира: „Никој не е пред законот“.
ДУИ по претресите за случајот „Лотарија“ излезе со став дека ВМРО-ДПМНЕ ги инструментализира институциите, а пак премиерот Мицкоски порача дека сите криминали без естрада ќе бидат објавени и процесуирани.
Минатата недела Стејт департментот објави дека некогашниот висок владин функционер Артан Груби е ставен на црната листа на САД, заедно со судијата Беџети.
Груби влијаел во судството, а тоа го забележале и Американците, за што имаат докази кои нема да ги споделат со јавноста, но побараа институциите да си ја завршат работата.
Миле А. Ристески
