Кривичен суд

30 дена притвор за Артан Груби, одреди Кривичниот суд

17.12.2024 18:56

Кривичниот суд определи мерка притвор во траење од 30 дена за Артан Груби и Прпарим Бајрами. Ќе се спроведе кога осомничените за злоупотреба на службата во случајот „Државна лотарија“ ќе бидат достапни на органите на прогонот...

Од Кривичниот суд соопштија дека е определена мерка притвор во траење од 30 дена за поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс-директорот на „Лотарија“, Прпарим Бајрами. Ќе се спроведе кога осомничените за злоупотреба на службата во случајот „Државна лотарија“ ќе бидат достапни на органите на прогонот.

Груби на Косово заминал со дипломатско возило. Министерот Тошковски смета дека потфрлила граничната полиција што го пропуштила. Поранешниот вицепремиер прати абер дека не е во бегство и ќе си дојде дома, но засега нема потврда дека се вратил.