Притвор за четири членови на групата Беланоца/Барон
Тие беа спроведени во судот по акцијата на МВР и Јавното обвинителство во изминатите два дена...

30-дневен притвор им определи Кривичниот суд на четворицата членови на криминалната група Беланоца/Барон. Тие беа спроведени во судот по акцијата на МВР и Јавното обвинителство во изминатите два дена.
Истрагата се однесува на вкупно 18 лица членови на криминалната група, а како водач се посочува Фатљум Ајети – Тоте, кој веќе е во затвор за трговија со дрога и оружје и според Обвинителството тој од затвор ја командувал група, на која и се препишуваат убиства, изнуди, подметнување пожари на локали и автомобили. Шест осомничени лица се во бегство, а Кривичен определи мерка притвор за петмина од моментот на пронаоѓање.
Еден е недостапен од претходно, а лицето кое само се пријави во полиција има претходно определени мерки за друго кривично дело. За двајца осомничени распишани се меѓународни потерници.
