влада

Премиерот Мицкоски на ЕУ Самитот на Западен Балкан во Брисел

18.12.2024 08:08

Во рамки на посетата претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари средба со високиот претставник/потпретседател на Европската Комисија, Каја Калас, средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, како и средба со премиерот на Полска, Доналд Туск...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Во рамки на посетата претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари средба со високиот претставник/потпретседател на Европската Комисија, Каја Калас, средба со премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, како и средба со премиерот на Полска, Доналд Туск.

Воедно, во рамки на посетата претседателот на Владата Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани ќе присуствуваат на ЕУ Самитот на Западен Балкан во Брисел на кој за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. На ЕУ Самитот ќе се разговара за понатамошната интеграција на регионот преку Планот за раст, како и за надворешни, безбедносни и миграциски прашања.

Како што најавија од владината прес-служба, претседателот на Владата Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската народна партија.