Временска прогноза

Сончево со мала до умерена локална облачност

18.12.2024 08:04

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност која ќе се зголеми од пладневните часови и ќе биде претежно тивко...

Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност која ќе се зголеми од пладневните часови и ќе биде претежно тивко.

До петок претпладне ќе се задржи стабилно и релативно топло преку денот и постојната снежна покривка ќе се намалува. Наутро во котлините ќе има услови за појава на магла особено за време на викендот кога и дневните температури ќе бидат пониски.