Русија

Реакции по убиството на генералот Кирилов

18.12.2024 08:36

Кремљ прстот го впери во Киев и најави одмазда за шефот на силите на нуклеарната, биолошка и хемиска одбрана...

САД негира вмешаност за убиството на рускиот генерал Кирилов. Кремљ прстот го впери во Киев и најави одмазда за шефот на силите на нуклеарната, биолошка и хемиска одбрана. Прашањето за терористичкиот напад ќе го покренат пред Советот за безбедност.

„Мора да направиме се за да ги уништиме плаќачите во Киев. Ова е воено-политичкото раководство на Украина“, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

„САД не беа однапред известени ниту пак, вмешани во експлозијата. Очигледно е дека тој беше генерал вклучен во голем број злосторства, вклучително и во употребата на хемиско оружје против украинската војска“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

ОН ги повикаа Русија и Украина да избегнуваат чекори кои би довеле до ескалација на конфликтот.

„Свесни сме за извештаите во врска со инцидентот во Москва, каде што загинаа двајца руски воени функционери. Ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност и да се воздржат од дејствија што би можеле дополнително да ескалираат тензии“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на ОН.

Русија најави дека прашањето за терористичкиот напад ќе го покренат пред Советот за безбедност, од друга страна Зеленски како главна тема во Брисел го најави зајакнувањето на Украина.