Блиски Исток

Израелски напади наспроти мировни договори

18.12.2024 08:37

Тел Авив продолжи со нападите во Газа додека во Доха се прават обиди да се премости јазот меѓу Израел и Хамас откако и двете страни изразија оптимизам за договор за прекин на огнот...

Тел Авив продолжи со нападите во Газа додека во Доха се прават обиди да се премости јазот меѓу Израел и Хамас откако и двете страни изразија оптимизам за договор за прекин на огнот. Бејрут пак, обвинува за прекршување на примирјето по израелски напади на југот од земјата каде што претходно беа распоредени либанските војници по повлекувањето на израелските трупи. Иран се закани дека ќе ја искористи секоја можност да ги запре злосторствата на Израел во регионот додека Нетанјаху не се откажува да се повлече од Голанската Висорамнина.

„Израел ќе остане во тампон зоната на сириската граница додека не се најде друг аранжман што ќе ја осигури безбедноста на Израел“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

„Ционистичкиот режим е во својата заблуда кога верува дека преку Сирија ќе ги опколи и искорени силите на Хезболах, единствен што ќе биде искоренет е Израел“, изјави Ајатолахот Али Хамнеи, врховен водач на Иран.

Во истовреме, Вашингтон соопшти дека примирјето помеѓу прокурдксите и протурските групи во Сирија е продолжено до крајот на неделата.