МВР

Претрес во Куманово, пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехника

18.12.2024 09:06

При контрола во продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства...

На 16.12.2024 во 17.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(54) од Куманово.

При контрола во неговиот продажен објект во населба Карпош во Куманово и при претрес во неговиот магацин, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 5.500 парчиња пиротехнички средства. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.