МВР

Нова полициска акција во Арачиново, пронајдено скриено оружје

18.12.2024 09:20

Запленети се 11 парчиња автоматско оружје. Се проверува поврзаноста со криминалната група од Арачиново чии членови беа приведени неделава. Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци. Акцијата продолжува и денеска...

Рано утрово полицијата во околината на скопско Арачиново пронашла оружје скриено во еден објект. Запленети се 11 парчиња автоматско оружје. Се проверува поврзаноста со криминалната група од Арачиново чии членови беа приведени неделава. Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци. Акцијата продолжува и денеска. Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата.

Запленета е извршена во рамките на акцијата за сузбивање на насилни криминални групи на повеќе локации, којашто почна во неделата.