НБА Ол-стар натпреварот ќе се одржи во турнирски формат

18.12.2024 10:18

Форматот ќе биде состваен од четири екипи кои ќе играат три натпревари во турнир за една ноќ. Тоа ќе се случи на 16 февруари во домот на Голден Стејт. На истата локација на 14 февруари ќе се одржи настанот „Ѕвезди во подем“.

Ол-стар натпреварот на Националната кошаркарска асоцијација (НБА) ќе биде турнир оваа сезона, а лигата во вторник објави дека ги финализирала плановите да користи поинаков формат за претстојното шоу во полусезоната во Сан Франциско.

Форматот ќе биде состваен од четири екипи кои ќе играат три натпревари во турнир за една ноќ. Тоа ќе се случи на 16 февруари во домот на Голден Стејт. На истата локација на 14 февруари ќе се одржи настанот „Ѕвезди во подем“.

Во последните години, НБА сакаше значително поконкурентен и поатрактивен настан за најголемите ѕвезди во Лигата. Во минатиот шампионат, резултатот на Ол-стар натпреварот во Индијанаполис беше 211:186.

Првите 66 пресметки во НБА беа одиграни во формат на Источна наспроти Западна конференција.

Гласањето за учесниците во Ол-стар натпреварот ќе започне во четврток.