Влада

Усвоен ребалансот на буџетот

26.07.2014 17:52

Мини ребалансот изнесува 2 проценти од вкупните приходи и расходи. Рамномерни кратењата има во делот на стоки и услуги на трансфери и на капиталните расходи кај сите позиции на институциите. Буџетскиот дефицит со ребалансот ќе оствари благо зголемување од 3,5 на 3,9 отсто од БДП.

Една милијарда и 43 милиони денари пари од ребалансот на буџетот ќе се насочат за поинтензивна градба на Коридорот 10 и  за социјалните примања рече вицепремиерот и министер за фимнансии  Зоран Ставрески. Мини ребалансот изнесува 2 проценти од вкупните приходи и расходи. Рамномерни кратењата има во делот на стоки и услуги на трансфери и на капиталните расходи  кај сите позиции  на институциите. Буџетскиот дефицит со ребалансот ќе оствари благо зголемување од 3,5 на 3,9 отсто од БДП.

Една милијарда и 43 милиони денари пари од ребалансот на буџетот ќе се насочат за поинтензивна градба на Коридорот 10 и  за социјалните примања рече вицепремиерот и министер за фимнансии   Зоран Ставрески .Мини  ребалансот изнесува  2 проценти од вкупните приходи и расходи. Рамномерни кратењата  има во делот на стоки и услуги на трансфери и на капиталните расходи  кај сите позиции  на институциите .Буџетскиот дефицит со ребалансот ќе оствари благо зголемување од 3,5 на 3,9 отсто од БДП.

„Со овој мини ребаланс ќе успееме да останеме во зоната на фискална стабилност и да обезбедиме непречено реализирање на сите проекти на Владата на РМ. Со тоа ќе обезбедиме долгорочна макроекономска стабилност и реализација на поголем екононски раст кој годинава очекуваме да биде над 3,5 отсто“, вели министерот за финансии Зоран Ставрески.

Од октомври вицепремиерот Ставрески најави покачување на платите на јавната администрација, а од 2015-тата и покачување на пензиите и покрај предизвиците кои доведоа до намалување на платите и пензиите во повеќе држави.

„Деновиве Србија објави дека ќе ги намалува платите и пензиите за 10 отсто.Португалија истото го направи. Даноци на пензии се воведуваат во некои земји. Ние сме далеку од тоа. Со здравите економски политики ќе успееме не само да не дојде до такви ситуации, туку и да го реализираме она што е ветено кон граѓаните“, рече Ставрески.

Ставрески истакна дека со економските  политики , Владата и понатаму ќе ја задржи макроекономската и фискална стабилност.

Дијана Ценевска