ДСЗИ

ДСЗИ денеска треба да го објави извештајот за смртта на бебето

18.12.2024 11:52

Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска треба да го објави извештајот по извршениот вонреден надзор во Детската клиника, за смртта на седуммесечното бебе...

Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска треба да го објави извештајот по извршениот вонреден надзор во Детската клиника, за смртта на седуммесечното бебе. Се проверуваше дали се запазени протоколите за прием, третман и лекување.

Директорот на клиниката, Мемеди, рече дека детето имало генетски проблем, како и оштетени повеќе органи. Тој смета оти лекарите реагирале веднаш, но бебето било суспектно на синдром што зафаќа повеќе органи.