Свет
Четиринаесет загинати во земјотресот во Вануату, се трага по преживеани
18.12.2024 11:59
Се стравува дека бројот би можел да се зголеми, додека спасувачките екипи продолжија со напорите да ги извлечат луѓето заробени под урнатите објекти...

Бројот на загинати по разорниот земјотрес од 7,3 степени по Рихтер што го погоди Вануату, се искачи на 14. Се стравува дека бројот би можел да се зголеми, додека спасувачките екипи продолжија со напорите да ги извлечат луѓето заробени под урнатите објекти.
Во потресот беа повредени стотици луѓе, а над 200 се згрижени во централната болница.
Најмалку 10 големи згради и три моста претрпеа големи структурни оштетувања, меѓу нив и амбасадата на САД која остана привремено затворена.
