МВР

Претреси во Арачиново, пронајдено оружје и муниција

18.12.2024 12:39

Биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети...

Од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во 01.30 часот на локален пат од с. Орланци во правец кон с. Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.

Пронајденото е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.