Нов случај на заболен од листерија
Пациент од Тетово заболен со бактеријата листерија е хоспитализиран на Инфективната клиника. 48 годишниот маж од Тетово е во стабилна состојба...

Уште еден пациент од Тетово заболен со бактеријата листерија е хоспитализиран на Инфективната клиника. 48 годишниот маж од Тетово е во стабилна состојба, веста ја објави министерот за здравство.
„Денеска ни е потврден уште еден случај на листерија кој што е примен на инфективната клиника. Станува збор за маж роден 1966 година, денеска добивме потврда од микробиолошката лабораторија дека и кај него станува збор за листерија“, рече Никола Тодоров, министер за здравство.
Се уште се испитува кој е виновен за ширењето на бакетријата листерија. Биле обработени уште десетина мостри, а резултатите покажале дека се негативни - информира Агенцијата за храна и ветеринарство. За да се спречи епидемија, се земаат мостри од производителите, продавниците, дистрибутивните центри. Ќе се земаат брисеви од машините за производство. Сите испитани мостри десега се покажаа негативни. Се чекаат резултати од околу 300 земени примероци.
Која алка попуштила во системот, ќе утврдуваат истражните органи по кривичната пријава против непознат сторител што ја поднесе Министерството за здравство.
Од смрттоносната бактерија листерија досега заболеа оссумина, четворица од нив починаа.
Андријана Атанасовска
