Култура
Премиера на „Музиката на мојата птица“ во Театарот за деца и младинци
18.12.2024 14:04
Претставата е работена по мотивите од романот на Ана Анисимова. Драматург е Драгана Лукан Николоски.

На сцената на Театарот за деца и младинци Скопје, вечер во 19 часот премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Музиката на мојата птица“, во режија на Емилија Мрдаковиќ од Србија.
Претставата е работена по мотивите од романот на Ана Анисимова. Драматург е Драгана Лукан Николоски.
Во претставата играат актерите Матеа Јанковска, Ана Левајковиќ Бошков, Мартин Јорданоски и Владимир Лазовски.
