Настап на виолинист од Хрватска
Вечерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“ во античкиот театар публиката ќе може да проследи уште еден спектакуларен концерт. љубителите на музиката ќе уживаат во настапот на хрватскиот маестрален пијанист Максим Мрвица,кој зад себе има 10 студиски изданија и милионски тиражи во повеќе од 57 држави.

Мега популарниот хрватски пијанист Максим Мрвица, кого го нарекуваат „пијанистичко чудо од Шибеник“ е уште една светска звезда по која ќе се памети 54-тото издание на Охридско лето. Сцената на Античкиот театар е импозантна рече Мрвица ,при што најави дека за вечерва одбрал интересна програма која е пресек на сите негови досегашни кросовер композиции и еден мал блок класична музика.
„Морам да го изразам моето големо задоволство што денеска сум тука и што е ова мој прв настап во Македонија.Добро е што успеавме да го реализираме тоа и драго ми е што настапувам во рамките на еден голем фестивал на кој настапувале големи имиња,посебно пијанистички,кои добро ги знам и кои припаѓаат на самиот врв на светската музичка елита“, рече Максим Мрвица, пијанист од Хрватска.
Интересот за концертот на Максим Мрвица е огромен, а покрај македонската публика неговиот настап ќе го проследат и љубители на музиката од регионот и пошироко.
„Оваа врвна пијанистичка елита ја надополнуваме со гостувањето на уште еден светски пијанист,пред се класичен пијанист,кој што веќе одамна го потврди своето име на светската музичка сцена“, изјави Гордана Јосифова Неделковска, музички селектор.
Мрвица е најпродаваниот кросовер пијанист во светот,кој зад себе има 10 студиски изданија,со над 2 милиони продадени албуми во повеќе од 57 држави и бројни меѓународни награди и признанија.
Сашо Нелоски
