Македонија

Потребни се реформи во системот за заштита и спасување

18.12.2024 15:49

Превенцијата е клучна за справување со кризни ситуации. Нашиот систем има големи маани. Немаме доволно ниту противпожарникарски возила, ниту амбулантни возила …

Тажна е сликата на возниот парк на противпожарните возила. Некои се стари и по 30, па и 50 години – вели првиот човек на ЗЕЛС. Ѓеоргиевски посочува дека се потребни реформи, бидејќи е недозволиво единиците да се преполовени, а пожарникари да немаат соодветна опрема.

После овогодишните масовни шумски пожари, формирано е посебно работно тело кое врши анализа на состојбата и треба да понуди соодветни решенија за воспоставување функционален систем, подготвен да се справи со предизвиците.

Целта е да се воспостави современ систем за заштита и спасување по стандардите на НАТО и на Европската унија.

Откривањето на шумските пожари во раната фаза, останува еден од најголемите предизвици за истражувачите и за институциите во системот за заштита и спасување.

Александра Спировска