Презентација на Извештајот на Светска банка „Business Ready“

19.12.2024 08:27

Во Собранието денеска ќе се одржи презентација на Извештајот на Светска банка „Business Ready“ и на препораките за развивање на приватниот сектор.

Презентација на Извештајот на Светска банка „Business Ready“ и на препораките за развивање на приватниот сектор

Во Собранието денеска ќе се одржи презентација на Извештајот на Светска банка „Business Ready“ и на препораките за развивање на приватниот сектор.

Извештајот ќе го презентираат претставници на Светска банка на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на настанот се поканети претставници на ресорните министерства и на надлежни институции, на невладиниот сектор, на стопанските комори и на Организацијата на работодавци.