Израелски напади врз Јемен и Газа
Погодени пристаништата и енергетската инфраструктура во Сана, за која Тел Авив тврди дека биле користени од Хутите за воени цели...

Жртви во израелски напади врз Јемен. Погодени пристаништата и енергетската инфраструктура во Сана, за која Тел Авив тврди дека биле користени од Хутите за воени цели. Продолжија нападите и врз Газа, армијата врши притисок врз Хамас да обезбеди враќање на заложниците додека се интензивираат преговорите за прекин на огнот во Доха.
„Секојдневно вршиме притисок врз Хамас, доведувајќи го во поголема неволја, за да обезбедиме враќање на 100-те заложници, се надеваме дека се живи, за оние кои не се, да им обезбедиме достоен погреб“, изјави Херзи Халеви, израелски началник на Генералштабот.
Договорот на маса вклучува шестнеделна пауза во борбите во кои Хамас ќе ослободи 30 заложници, во замена за стотици палестински затвореници кои Израел треба да ги ослободи.
