Скопје утрово седми најзагаден град во светот
Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот. На високото седмо место со воздух кој е квалификуван како „нездрав“, пред Скопје, од европските градови е само Сараево. Останатите места ги делат Пакиста, Бангладеш, Индија, Сенегал и Техеран...

Скопје повторно се најде на листата најзагадени градови во светот. На високото седмо место со воздух кој е квалификуван како „нездрав“, пред Скопје, од европските градови е само Сараево. Останатите места ги делат Пакиста, Бангладеш, Индија, Сенегал и Техеран.
Од Заводот за јавно здравство на Кантонот Сараево испратија препораки за носење специјални маски за лице со заштитни респираторни филтри. Од Заводот наведоа дека воздухот во сите делови на Сараево е оценет како многу загаден или исклучително загаден, што кај сите категории на население може да предизвика респираторни тегоби, а кај осетливата популација и нелекуваните хронични болни може сериозно да го влоши здравје.
Во Скопје сè уште нема ниту препораки за граѓаните, ниту пак конкретни мерки против загадувањето.
Во меѓувреме, Европската агенција за животна средина (ЕЕА) објави дека најмалку 239 илјади смртни случаи може да се препишат на изложеноста на ситните честички во воздухот.
Како што се посочува во најновата анализа за влијанието на квалитетот на воздухот врз човеково здравје, врз основа на бројките за 2022 година, 70.000 смртни случаи се припишуваат на загадувањето со озон, а 48.000 на загадувањето со азот диоксид.
