Тур Д Франс

Нибали пред промоција

26.07.2014 18:43

Италијанецот Винченцо Нибали ќе биде победник на годинашното издание на Тур Д Франс. Со огромна предност од речиси осум минути тој ќе влезе во утрешната последна 21.етапа од престижната професионална трка, церемонијалните завршни 137 километри со цел на Елисејските полиња во Париз. Само трипати досега во историјата на оваа трка се случило да не победи оној којшто во финалната етапа влегол како водечки и со жолтата маичка.

Велосипедистот на Астана беше четврти на денешната претпоследната делница од трката, хронометарот од Бержерак до Периго во должина од 54 километри. Нибали задоцни минута и 58 секунди зад победникот, Германецот Томи Мартин, којшто заврши на пиедесталот во друштво на Холанѓанецот Том Думолен и на Чехот Јан Барта. Главна цел на Италијанецот сепак беше да ја сочува предноста на врвот на генералниот пласман. Не само што успеа во тоа, туку и додатно ја зголеми, па во утрешниот ревијален натпревар ќе влезе со огромна позитива од 7 минути и 52 секунди во однос на Французинот Жан-Кристоф Перо и од 8 минути и 24 секунди во однос на вториот домашен велосипедист, Тибо Пино.

Триумфот на Нибали ќе биде изразен со најубедлива разлика во последните 17 изданија на „Тур“. Тој ќе биде првиот италијански славеник на оваа трка по Марко Пантани во 1998 и само шести во историјата којшто успеал да победи на сите три големи трки: Тур Д Франс, Џиро Д Италија и Вуелта.