Евроинтеграции
Самит ЕУ-Западен Балкан: Иднината на регионот е во ЕУ
19.12.2024 10:15
Усвоена декларација за целосна посветеност на перспективата за членство на земјите во европското семејство.

Иднината на Западниот Балкан е во Европската унија-ваква порака испратија челниците од Самитот во Брисел. Децидни се-проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.
Усвоена декларација за целосна посветеност на перспективата за членство на земјите во европското семејство.
Во Брисел, премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Европската Народна Партија, на кој главни теми ќе бидат подготовките за Европскиот совет и проширувањето на ЕУ.
Од Брисел известува Стојан Трпчевски
