Се откриваат нови тела под урнатините во Газа, бројот на загинати надмина 1000
Подобро да немаше примирје е помислата на жителите на Газа додека откриваат нови тела под урнатините. Уште 85 загинати и нивниот број се искачи на речиси илјада, главно цивили.
Дипломатите во Париз се обидуваат да го искористат дванаесетчасовниот хуманитарен прекин на огнот за да издејствуваат траен мир.

„Ги повикуваме двете страни да го продолжат примирјето, бараме најбрзо што може траен прекин на огнот. Преговори кои ќе одговорат и на потребата за безбедност на Израелците и на потребата на Палестинците за социјално-економски развој и пристап до територијата на Газа“, порачаа дипломатите од Париз.
Израел соопшти дека ќе продолжи да ги лоцира и неутрализира тунелите на Хамас за време на примирјето. Од израелските тенкови во Кан Јунис загинаа 18 Палестинци од исто семејство, а Бет Хам е под урнатини. Загинаа и двајца израелски војници а „железната купола“ пресретна три ракети истрелани кон Ашкелон.