Дуално образование

Сѐ повеќе ученици средношколци се решаваат за дуално образование

19.12.2024 13:09

Во дуалното образование секоја година се повеќе ученици, годинава ги има четири илјади во 62 училишта. Компаниите имаат потреба од ваков кадар а младите наместо да заминуваат во странство остануваат во земјата...

Се зголемува интересот за дуалното образование, и од учениците кои посетуваат настава каде тоа се применува но и од компаниите, каде учениците практикуваат пракса. Со него се создаваат стручни кадри, кои не чекаат работа во Агенцијата за вработување, туку за кратко време се вработуваат. Со ова се рушат табуата кај младите.

Освен што секој месец во текот на учебната година, учениците кои следат дуална настава од Министерството за образование, добиваат по три илјади денари, има компании кои ги наградуваат овие ученици. Една од компаниите каде се применува дуалното образование е швајцарската компанија „Ронтис“ во Велес.

До зголемениот интерес за дуалното образование е дојдено со ангажман на Министерството за образование, Стопанската комора, поддршка од швајцарската Амбасада, Делегацијата на ЕУ, и училишта.

Во Македонија има 62 училишта каде се спроведува дуално образование со 235 паралелки, а 4 илјади ученици се во овој процес на образование.

 

Петар Печков