Новогодишна кошница

Со новогодишната кошница добиваат и потрошувачите и производителите, велат пекарите

19.12.2024 14:08

Секојдневно се проширува листата на производи и производители кои се во новогодишната кошница. 1.068 производи се дел од потрошувачката кошничка...

Ако бурекот со сирење беше 72 денара со почетокот на акцијата, новогодишна кошница е 65 денари, ѓеврекот од 25 е намален на 22 денари и други пекарски производи се поевтини за 10 насто. Со новогодишната кошница добиваат сите, и потрошувачите и производителите-велат пекарите. Според нив, за разлика од замрзнувањето на цените, овојпат имаат можност да избираат кои производи ќе ги намалат, а сепак се од оние кои потрошувачите најмногу ги купуваат.

Македонската празнична трпеза не може да се замисли без месо иако последните години станува се попосна. Па, добредојдени се намалувањата на цените и на дел од месните производи. Во име на општествената одговорност и месните производители се откажаа од дел од профитот со намалување на маржите, а истото очекуваат да го направат и маркетите.

Секојдневно се проширува листата на производи и производители кои се во новогодишната кошница. 1.068 производи се дел од потрошувачката кошничка, 95 производители и 42 маркети.

 

Александра Велинова