Нов лик на поликлиниката „Букурешт“
Заврши внатрешната реконструкција на поликлиниката „Букурешт“, по половина век поликлиниката доби нови ординации. Во најфрекфентната поликлиника во Скопје беа инвестирани близу 400 илјади евра за подобри услови и за лекарите и за пациентите...

По педесетина години ова е прва темелна реконструкција на поликлиниката „Букурешт“. Во овој здравствен дом циркулираат најголем број на граѓани, дневно здравствена грижа им се нуди на повеќе од две илјади граѓани
„Благодарност до Влладата и ресорното министерство коешто започна со реконструкција на јавни здравствени установи и токму поликлиника „Букурешт“ беше ставена во план за реконструкција, и истата комплетно е завршена во времето во кое беше планирано до пет месеци. Објектот беше подлежен на комплетна реконструкција во внтарешниот дел, станува збор за пет илјади и петстотини метри квадратни, во делот на подови, ѕидни површини, ентериерно комплетно уредување и седум илјади метри квадратни партерно уредување“, изјави д-р Татјана Баевска - Вучковиќ, директор на Здравен дом Скопје.
„Ги следиме потребите на граѓаните и актуелните состојби во медицината во однос на медицинската опрема, бидејќи за да бидеме ефикасни, секако ни се потребни кадар, простор и опрема. Во тек на изниматите години постојано се набавува опрема. Минатата година се набавија дерматоскопи за кожниот кабинет, се набави ендоскоп за кабинетот за уво, нос и грло, кој оваа огдина е опремен со нов риноларингоскоп, којшто има неинвазивна дијагностика во однос на болестите на овој систем. Во тек е постапка за нова медицинска опрема, кадешто кабинетот за физикална медицина, кој прв е формиран во Здравствен дом Скопје, ќе биде освежен со комлетна замена на севкупната апаратура за физикална терапија, а исто така кабинетот ќе биде опремен со нов современ апарат шок- вејв за аналгетски третман и разбивање на калцификати“, рече д-р Татјана Баевска - Вучковиќ, директор на Здравен дом Скопје.
Во реконструкцијата на поликлиниката инвестирани се 24 милиони денари буџетски пари.
„Она што е во тек а сеуште не е завршено е набавка на лифт, имајќи во предвид дека овој објект нема лифт, а има доста постари лица коишто доаѓаат да ги користат здравствените услуги во оваа здравствена институција и затоа се одлучивме со менаџментот во установата да се инсталира лифт, надоврешен, којшто ќе биде готов до крајот на оваа година“, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Андријана Атанасовска
