Македонски мировници во Либан се грижат за безбедноста на мировниците на УНИФИЛ
Капетан Николов и Цветковски се нашите мировници во Либан, штабни офицери во рамките на италијанскиот континент при УНИФИЛ. За МТВ ексклузивно проговорија за нивните задолженија и активности. Одговорни за обука и идни операции, тие се грижат за безбедноста на мировниците на УНИФИЛ, но и за помош и поддршка на локалните заедници од двете страни на сината линија, повикувајќи постојано да се имплемнтира резолуцијата 1701...

Штабни офицери задолжени за обуки, изработување сценарија и обликување на идните воени операции, капетаните Орце Николов и Цветковски Марјан се нашите мировници во Либан, во рамките на италијанскиот континент при УНИФИЛ. Се грижат за безбедноста на мировниците на УНИФИЛ, за имплементирање на резолуцијата 1701, но и за поддршка на локалните заедници, велат за МТВ. Го дочекаа и прекинот на огнот после ризичен воен период и нападите од Израел на Либан.
По првиот состанок на механизмот што го надгледува спроведувањето на прекинот на воените дејства ги прашавме колку се почитува примирјето и со какви предизвици се соочуваат.
Нивните очекувања се дека примирјето ќе води кон конечен мир, бидејќи цивилите од двете страни на сината линија многу страдале минатиот период. УНИФИЛ, велат, е подготвен да ги поддржи и Израел и Либан во нивните напори за спроведување на резолуцијата 1701, но најважна е велат посветеноста од двете страни за да се обезбеди целосно прекин на огнот.
„Сите главни чинители се целосно посветени на обезбедување стабилност во овој регион кој претрпе неизмерни штети во последните 15 месеци, илјадници луѓе настрадаа областа е тешко оштетена“, изјави Цветковски.
До објавување на договорот за прекин на 27 ноември годинава мировниците на УНИФИЛ дејствуваа под исклучителни, деликатни и опасни безбедносни услови. Новогодишните празници ќе ги поминат вон родината работејќи велат за мирот и стабилноста во тој регион.
Фиљана Кока
