Да се намали бирократијата за компаниите да прогресираат
За бизнисот да има добри услови за работа, треба да се подобри економската клима, смета Светската банка. Економистите се согласуваат дека Македонија се соочува со многу предизвици во стопанството …

Компаниите за да прогресираат, државата треба да ги намали трошокот и времето на административните и бирократските барања. Ова е една од клучните препораки на Светска Банка, оти Македонија, според најновиот извештај, не покажува добри резултати за јавните услуги, споредени со земјите од регионот.
Силна економија подразбира плаќање даноци и сузбивање на сивата економија, велат од УЈП. Според Петрова, транспарентноста мора да биде на високо ниво, и да не се дозволи да се прават грешки.
И од ВМРО-ДПМНЕ се согласуваат дека мора да се работи за земјава да има добри резултати. Факт е дека постои голем јаз во јавните услуги и тоа мора да се реши.
Претставници од бизнис-секторот, професори, работодавци, сите едногласни дека мора да има сериозни реформи ако сакаме да се развиваме како држава.
Бизнисот има проблем онаму каде што не треба да го има, вели експертската фела. Затоа сите мора да дадат придонес за подобрување на услугите и поместување чекор напред на секое поле.
Борис Грујоски
