Студентски превоз

Субвенцинираниот студентски превоз заглави во лавиринтите на институциите

19.12.2024 15:06

Министерството за образование и ЈСП си ја префрлаат топката зошто студентите немаат субвенционирање на студентскиот превоз. Студентското собрание на УКИМ преку писмо до Град Скопје, до ЈСП и до Министерството за Образование бара институциите да се произнесат за нивниот предлог за субвенциониран студентски превоз...

Бесплатниот јавен превоз заглави во лавиринтите на институциите. Министерството за образование и ЈСП си ја префрлаат топката зошто студентите немаат субвенционирање на студентскиот превоз. Од МОН велат дека се обезбедени пари, додека пак од Град Скопје на ова прашање последниот пат одговорија, – прво да се плати долгот, па ќе има бесплатен превоз за студентите.

Студентското собрание на УКИМ преку писмо до Град Скопје, до ЈСП и до Министерството за Образование бара институциите да се произнесат за нивниот предлог за субвенциониран студентски превоз, но одговор нема.

Доколку не се најде заеднички јазик, студентите за прв пат по 10 години ќе останат без субвенциониран јавен превоз.

Доколку не се обезбеди мерката за субвенциониран јавен превоз за студентите, студентските организации најавуваат протести.

 

Марина Стојанова-Тонева