Традиции
Прилеп ја прослави градската слава Свети Никола
19.12.2024 19:53
Веќе традиционално, во центарот на градот прилепчани ја прославија градската слава Свети Никола. Многумина ја благословија како домашна слава. Граѓаните со желби да се одржува традицијата и да има благосостојба, а градските власти – да се зачува заедништвото…

Благослови, традиции, желби. По 18-ти пат Прилеп го прослави својот патрон – Свети Никола со градската слава. Се поделија преку 800 пакувања посно јадење со познатите мали сарми.
Прославата на заштитникот на децата, болните, сиромашните, на обичниот човек е своевидна порака за чување на заедништвото.
Чувањето на традициите за граѓаните е битно за опстојувањето.
Елизабета Митреска
