Скопје

Главниот град од утревечер без вода

19.12.2024 20:10

Утре по 22 часот, најголемиот дел од Скопје ќе остане без вода поради санација на главниот цевковод. Оваа вест ги мобилизираше жителите на главниот град да се снабдат на време. Така некои наполнија кади, некои кофи, но најголемиот дел се упатија кон маркетите...

Санацијата на дефектот на водоводната мрежа во Скопје почнува со затворање на главниот вентил. Најавите се дека санацијата на вентилот што не е сменет од ’91-та година, ќе заврши за едно деноноќие, но гаранции нема.

Без вода ќе остане најголемиот дел од главниот град, освен повисоките места во Ѓорче Петров, Радишани, Чаир, Бутел, Железара, Автокоманда. Од Водовод бараа граѓаните да бидат трпеливи, но сите веќе се снабдуваат со вода за пиење, и ги испразнија рафтовите во маркетите.

Без водоснабдување ќе останат и некои болници во регионот, каде што ќе се врши санација на водоводната мрежа. Па оттаму од градот е побарано снабдување со цистерни за вода.

Ирина Гелевска од терен ја пренесува сликата од главниот град