Продолжува судењето за двојното убиството на Вања и Панче
За првпат ќе се изведуваат материјалните докази. Обвинителството тврди дека убиствата на Вања и Панче се мотивирани од користољубие, обвинетите пак, се изјаснија дека не се виновни...

Во скопскиот Кривичен суд продолжува судењето за убиството на малата Вања и пензионерот од Велес, Жежовски. За првпат ќе се изведуваат материјалните докази. Обвинителството тврди дека убиствата на Вања и Панче се мотивирани од користољубие, обвинетите пак, се изјаснија дека не се виновни.
На изминатите рочишта сведочеа најблиските од семејството на Вања и на Панче, и полициски службеници, вклучени во истрагата. Еден од сведоците, Гоце Трајковски е во бегство, откако полицијата го сомничи за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода. Неколку пати не се појави на судските рочишта, иако неговата мајка го оправдала отсуството поради здравствени проблеми.
