Главниот град од 22 часот без вода
Вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, а другите корисници ќе бидат без вода. За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Фи-1600, поради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод...

Од 22 часот денеска Скопје ќе остане без вода, поради санирање на дефекти и замена на клучната водоводна цевка. Вода ќе имаат само населбите од левата страна на реката Вардар, а другите корисници ќе бидат без вода. За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Фи-1600, поради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.
Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Да се складираат доволно вода за пиење, одржување хигиена и пиење. Се препорачува 4 литри вода по лица, а водата да се штеди и да се користи само за основни потреби. До граѓаните со апел да се следат локалните вести и објави од надлежните органи и да се почитуваат насоките дадени од здравствените власти.
