УКРАИНА

Зеленски очекува безбедносни гаранции од САД и ЕУ

20.12.2024 08:23

Украинскиот претседател побара заеднички безбедносни гаранции од САД и од ЕУ, што ќе овозможи почеток на мировните преговори...

ЕУ вети континуирана поддршка на Украина за време на Самитот во Брисел. Украинскиот претседател побара заеднички безбедносни гаранции од САД и од ЕУ, што ќе овозможи почеток на мировните преговори.

„Знаеме дека 2025 ќе биде одлучувачка година. Ќе поминат три години од почетокот на руската инвазија. Путин ги удвојува напорите да постигне придобивки. Затоа, зајакнувањето на Украина во моментов е морален и стратешки императив за нас“, изјави Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Претходно рускиот претседател Путин на годишната сесија за прашања од медиумите изјави дека е подготвен на компромис во врска со Украина во евентуалните разговори со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за завршување на војната и дека нема услови за почеток на разговори со украинските власти.