САД

Властите предупредуваат на опасност од птичји грип

20.12.2024 08:24

Според Центарот за контрола и превенција на болести на САД, повеќе од 60 луѓе во осум држави се заразени со птичји грип, главно со благи симптоми...

Според Центарот за контрола и превенција на болести на САД, повеќе од 60 луѓе во осум држави се заразени со птичји грип, главно со благи симптоми. Повозрасен пациент во Луизијана е во критична состојба.

„Во основа, ситуацијата е следна, имаме случаи во САД, вирусот се пренесува и на луѓето, преку крави, живина и диви птици. И ова создаде суштински ризик на национално ниво. Мислам дека луѓето треба да бидат загрижени. За повеќето, тоа ќе значи преземање мерки на претпазливост“, изјави Ангела Расмусен, виролог на Универзитетот во Саскачеван.

Властите смируваат дека инфлуенцата позната и како Х5Н1 претставува низок ризик за пошироката јавност. Побарано е земјоделските работници кои се во близок контакт со заразени животни да се тестираат и да им понудат антивирусни лекови дури и ако не покажуваат симптоми.