Македонија
Дурмиши, Ристески и Стојкоски ќе посетат маркети вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“
20.12.2024 08:33
Од Министерството за економија и труд информираат дека министерот Бесар Дурмиши, неговиот заменик Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, денеска ќе посетат дел од маркетите вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“...

Од Министерството за економија и труд информираат дека министерот Бесар Дурмиши, неговиот заменик Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, денеска ќе посетат дел од маркетите вклучени во акцијата „Новогодишна кошница“.
Според најавата, во 11 часот предвидено е да го посетат супермаркетот што се наоѓа во трговскиот центар „Рамстор“. Во 11:30 часот, планирана е посета на „Кам маркет“ во Центар, што се наоѓа веднаш до „Дајмонд мол“.
