Уште еден силен противник
Нашите кошаркари ќе го завршат настапот на „Трофеј Македонија“ со натпревар против Црна Гора, вечерва во арената „Борис Трајковски“ во Скопје (пренос МРТ Собраниски од 20 часот). Двете репрезентации досега имаат по една победа и по еден пораз, ја совладаа Полска, а загубија од Италија.

Составот на селекторот Александар Џикиќ вчера беше во подредена улога против „аѕурите“ кои на крајот се радуваа со 63-56. Противникот одигра извонредна прва четвртина со шест тројки преку расположените Датоме и Арадори, по што создаде предност од 26-12. Од тој момент Италијанците имаа целосна контрола на резултатот, иако во преостанатите периоди македонскиот национален тим беше рамноправен ривал. Во мечот со тензии меѓу играчите пред се иницирани од однесувањето на Италијанците во блиските контакти, ѕвездата на Детроит Луиџи Датоме постигна 17 коша, идентично како и Аридори од Канту. Нивните удари од далечина и нашата лоша игра со слаб шут во нападот го решија победникот. Кај нас Костовски со 11 и Дамјан Стојановски со десет поени беа двоцифрени, а на девет застана Хендрикс.
„Трофеј Македонија“, 3.коло, денеска:
17.30 Италија – Полска
20.00 Македонија – Црна Гора (МРТ Собраниски, 20.00)
2.коло, вчера:
Македонија – Италија 56-63
Црна Гора – Полска 92-71
1.коло, петок:
Македонија – Полска 73-63
Италија – Црна Гора 86-84