Култура

Изложба „Регенерација“ во КИЦ на Република Северна Македонија во Тирана

20.12.2024 09:41

Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19, кој неизбежно се рефлектираше во нивните дела.

Во понеделник на 23 декември во Културно информативен центар на Република Северна Македонија во Тирана – Албанија ќе биде отворена ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.

Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19, кој неизбежно се рефлектираше во нивните дела. Тие ја преиспитуваат релацијата на видливиот свет со невидливите опасности. Се однесува на сопствената трансформација, како и на емоциите и чувствата поттикнати од промените на животниот тек предизвикани од пандемијата и новите наметнати стандарди во секојдневното живеење, и воедно, го преиспитува сопствениот обновувачки процес (регенерација) од настанатата ситуација.

Љубителите на уметноста ќе можат да ја посетат до 27 декември.