САД

Американската влада утре може да остане без пари, не помина планот за трошење предложен од републиканците

20.12.2024 09:46

За предлог-законот беше потребно двотретинско мнозинство, но против гласаа 38 републиканци, заедно со најголемиот дел демократски застапници.

Американската влада утре може да остане без пари. Претставничкиот дом синоќа не го усвои ревидираниот план за трошење предложен од републиканците.

За предлог-законот беше потребно двотретинско мнозинство, но против гласаа 38 републиканци, заедно со најголемиот дел демократски застапници.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го спречи претходниот договор за финансирање што спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, кој е републиканец, го склучи со демократите.