Заврши 13-то издание на фестивалот на античка драма „Стоби 2014“
Во храмот на античката култура, древниот Стоби вчеравечер со „Кралот Лир“ заврши 13-тото издание на интернационалниот фестивал на античка драма Стоби 2014. Лауреат на годинешниот фетивал е преставата „Медеа“ во изведба на актерите од Казахстан, додека пак наградите за најдобра машка и женска улога одат кај актери од театар комедија. Дејан Пројковски за брилијантната режија на „многу врева за ништо“ ја понесе наградата за најдобра режија.

Казахстанската „Медеа“ е носителот на Гран при наградата на 13-от Интернационален фестивам на античка драма „Стоби 2014“. Актерите од музички и театарски центар Агила Иманбаева не беа присутни да ја примат наградата но публиката и вчеравечер негиштедеше дланките да ги награди со аплауз.
„Многу врева за ништо“ е преставаата во која играат актерите кој ги понесоа наградата најдобра машка и женска улога , а Дејан Пројковски наградата за најдобра режија.
„Оваа награда многу ми значи затоа што се работи за едне лик кој според мене е тежок се работи за Шекспир“, Нена Деан, најдобра женска улога.
„ Посебно горд на ова затоа што е големо признание за мене второ затоа што е прво и е мислам многу слатко искуство “, Жарко Димовски, најдобра машка улога.
Желни за вакви случувања, љубителите на театарот велат магијата на Стоби би треба да се искористи.
„Добар беше, само уште некоја престава повеќе да имаше, многу кратко беше“.
„ Сите ние индирекно поврзани со оваа или слични дејности кој го анимираат театарскиот живот сме пресрекни“, велат анкетираните посетители.
Имавме прекресни пет фестивалски вечери, подготовките за наредниот фестивал веќе се започнати, велат организаторите.
„Веќе за следната година имаме склучено договор со две престави едната е од Бугарија а другата ќе биде изненадување“, рече Зоран Љутков, извршен директор на Здружение на античка драма Стоби.
Просторот каде и каменот и небото заедно со актерите е дел од секоја престава , древниот Стоби синоќа беше сцена на актерите од велешкиот театар кој во чест на наградените ја одиграа Кралот Лир.
Дијана Иванова
