Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -4 степени. Во првата половина од ноќта времето беше ведро, а подоцна облачноста се зголеми. На Попова Шапка 33 сантиметри снежната покривка...

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -4 степени, -3 се измерени во Скопје-Петровец, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Струмица, Демир Капија, Куманово, Лазарополе и Велес, -1 во Претор, Крива Паланка, Штип, Кавадарци и Попова Шапка, 0 во Прилеп и Гевгелија, 1 во Маврови Анови, Охрид и Виница, 2 во Крушево, а 4 во Дебар.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 33 сантиметри на Попова Шапка и 24 во Маврови Анови.
Во првата половина од ноќта времето беше ведро, а подоцна облачноста се зголеми. На повисоките места дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Изутринава е променливо облачно со појава на магла по одделни котлини.
