Србија

Нападнат српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас од група која лепела плакати против него

20.12.2024 10:57

Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП) Драган Ѓилас и функционерот на таа партија Ѓорѓе Алексиќ синоќа по полноќ завршија во Ургентниот центар, откако имаа физичка пресметка со група луѓе во Белград кои лепеа плакати со пораки против Ѓилас.

Потпретседателката на ССП, Мариника Тепиќ, на социјалната мрежа Х изјави дека „водачот на насилниците“ кој синоќа ги удираа и тепаа Ѓилас и Алексиќ е Лука Петровиќ, член на Претседателството на Српската напредна партија (СНС) и секретар за инвестиции на градот Белград.

Петровиќ утринава пред новинарите во просториите на СНС изјави дека младите на СНС мирно стоеле на улица и лепеле плакати „Ѓилас крадецот“, кога се појавил Ѓилас и „неговиот бандит телохранител“ кои почнале да им се закануваат и да ги тепаат.

- Едно момче, Лука Драшковиќ, во овој момент, сè уште е во Ургентниот центар и му е дијагностициран потрес на мозокот, рече Петровиќ.