МВР

Приведен разбојник во Радовиш

20.12.2024 20:29

На 16.12.2024 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш, информираат од МВР...

На 16.12.2024 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш, информираат од МВР.

Тој се сомничи дека на 17.12.2024 на ул. „Партизанска“ во Радовиш со употреба на сила од Н.М.(39) од Радовиш одзел личен предмет. Во службен разговор во Полициска станица Радовиш, Џ.Д. го признал делото.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против Џ.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.